ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Училишен спортски куп по повод роденденот на општината 17 11 2025

Училишен спортски куп по повод роденденот на општината

Во организација на Одделението за спорт при Општина Карпош, денеска се одржаа финалните натпревари од Училишниот спортски куп за 2025 година. Овие активности традиционално се организираат по повод одбележување на роденденот на локалната самоуправа, која годинава прослави 49 години од своето постоење. Во таа насока градоналачникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, во придружба со претседателот на Советот, Христо Саракинов присуствуваа на возбудливите финални мечеви во фудбал, одбојка и кошарка во кои учествуваа младите основци од Карпош.
Во финалниот фудбалски меч кој се одигра на спортскиот терен во Влае, екипите од ООУ „Лазо Трповски“ и ООУ „Војдан Чернодрински“ одиграа квалитетен и неизвесен натпревар, каде на крајот триумфираше екипата на ООУ „Лазо Трповски“ со резултат 1:0. Интересно е што во текот на целиот турнир, фудбалерите од ООУ „Лазо Трповски“ немаа забележано ниту еден пораз, а во финалето одиграа цврст натпревар со своите соперници од „Млечен“, каде одлучувачка беше стабилната одбрана на победничкиот тим.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе