ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Дружење со писателот Денис Бојаров 19 11 2025

Дружење со писателот Денис Бојаров

“Да живееме за да се смеат децата, затоа што татковината на човекот е неговото детство”
Оваа силна порака ја испраќа младиот македонски поет и писател Денис Бојаров, во инспиративниот расказ “Нека играат децата”.
Денес четвртооделенците од нашето училиште имаа чест да се дружат и запознаат со писателот Бојаров, кој зборовите ги претвара во авантури а секоја приказна – во врата кон нови соништа.
Му благодариме што ја сподели неговата креативност и љубов кон литературата.
Голема благодарност и до родителката Радица Ќурчинска, со чија помош се реализира оваа средба.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе