Работилница од психологот Цветанка Бурзевска
На ден 29.10.2025 во II-A одделение психологот Цветанка Бурзевска во рамките на активностите „Соработка со родителите“ согласно годишната програма за работа на учлиштето „Лазо Трповски“ им одржа работилница на учениците каде што ја претстави својата професија. Таа преку низа активности им доближи од што се состои работењето на психологот. Меѓу активностите и преку кратко предавање и игра како круна на средбата беше изработено ДРВО НА ЧУВСТВАТА кое ќе ја краси училницата за да ги потсетува учениците дека е нормално сите да имаат различни чувства во исто време, но дека сите се заедно и тука едни за други.







Поврзани содржини