ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

most na drugarstvoto 30 10 2025

Мост на другарството

Со дел од учениците од 4-А и 4-Б училиштниот психолог Наталија Наумовска одржа работилница на тема „Мост на другарството“ во која учениците имаа можност да размислат и напишат за себе што ги прави посебни, а што слични со останатите другарчиња во одделението. Целта на работилницата беше: учениците да ја разберат важноста на пријателството и меѓусебната поддршка, да развиваат вештини за соработка и позитивна комуникација и да ја зајакнат групната поврзаност во одделението. На крајот тие изработија мост на другарство составен од позитивни зборови кои го сочинуваат другарството.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе