ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Сребро на општинскиот натпревар по прва помош 2024

Сребро на општинскиот натпревар по прва помош

Во рамки на општинскиот натпревар по прва помош, кој се одржа минатата недела во паркот на општина Ѓорче Петров, а во организација на Црвениот крст Карпош, учениците од ООУ “Лазо Трповски”, го освоија второто место во конкуренција меѓу основците од општинските училишта од Карпош и Ѓорче Петров. Учениците кои беа обучувани од лица волонтери од Црвениот крст Карпош, ја покажаа својата подготвеност и тимска работа на овогодинешниот општински натпревар, а кои ќе имаат можност достојно да ја представат Општината на Регионален натпревар по прва помош.
Имено, на натпреварот учествуваа 23 екипи од основните училишта од двете општини, а победничкиот тим беше составен од основците Камелија Спасоска (8Б), Анѓела Станојевиќ (8Б), Дарио Карамачоски (9А), Драган Бошковски (9А), Ива Вапска (9А), Анџела Несторовска (9А), Атанас Стаматовски (9А), Јована Јоќич (9Б), кои беа предводени од проф. Даниела Радевска, одговорен наставник за Клубот на Црвениот крст.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе