ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

nikola 27 12 2023

Никола Радоњанин го освои првото место на Државното првенство во шах

Осмоодделенецот Никола Радоњанин од ООУ „Лазо Трповски“ го освои првото место на Државното првенство за основни училишта во шах (во категорија за ученици од шесто до деветто одделение), кое се одржа на 22 Декември годинава во Охрид.

Организатор на првенството е Федерацијата на училишни спортови на Македонија, а Никола на првенството, согласно пропозициите, беше предводен од менторот Стефан Симовски.

Инаку Никола Радоњанин годинава успешно учествуваше на неколку силни шаховски турнири, и тоа: на Отвореното градско првенство за млади во шах (до 18 години) во Куманово, на кое го освои првото место во категорија 14 години; на Меѓународниот шаховски фестивал „Езерска кралица“ во Охрид прво место во категорија 14 години; на Младинскиот шаховски турнир Наум Наумовски – Борче што се одржа во Скопје го освои третото место во категорија 14 години, а исто така имаше висок пласман на турнирот Скопје опен/Балкан опен Б.

Стефан Симовски

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе