ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Државен натпревар по географија 2019

Државен натпревар по географија 2019

Државни натпревари по географија

Државните натпревари по географија во организација на Македонско географско друштво се одржаа на 19 Април 2019 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. На натпреварот зедоа учество 212 ученици од основни училишта. Сите ученици и ментори добија диплома за учество на државниот натпревар по географија. Во големата конкуренција помеѓу учениците од основните училишта, учениците Павел Руфчески, Јана Руфческа и Филип Тримоски од ООУ „Лазо Трповски“ освоија две прва и една трета награда, под менторство на професорката д-р Милица Патраклиева.

Натпреварот се одвиваше во пријатна атмосфера и во исчекување да се изберат најдобрите географи од големата група одлични ученици натпреварувачи. Овој настан прерасна во празник на географијата.

За реализација на овој важен настан упатуваме голема благодарност до Природно – математичкиот факултет и Институтот за географија, регионалните координатори на МГД, студентите од ИЗСГ Природник.

Огромна благодарност до Тримакс, кој секогаш е поддршка на Македонското географско друштво во реализација на географските натпревари.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе