ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Ана Марија Чапараткова 04 02 2026

Ана Марија Чапараткова прогласена за најдобар Џуи – џица спортист Кадет за 2025 година

На одржаното 16то Годишно Собрание на ЏИУ – ЏИЦА ФЕДЕРАЦИЈА на Република Македонија, во Домот на културата ,,Илинден,, на 17.01.2026 година се прогласија најдобрите машки и женски спортисти за 2025 година.
Мегу изборот за најдобри женски спортисти Ана Марија Чапараткова беше прогласена за најдобар женски спортист во категоријата – Кадет за 2025 година на ниво на Република Македонија.
Ана Марија има учествувано на повеќе државни и меѓународни натпревари, а исто така и освоено награди , медали и дипломи. Првото нејзино најголемо постигнување е учеството на Државното првенство во Скопје, во 2024 година кога и е прогласена за – Државен првак на Република Македонија за 2024 година во борби во категорија У14 -52, каде го има освоено првото место.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе