ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

vaznosta na fizickata aktivnost za razvojot na mladite 07 10 2025

Важноста на физичката активност за развојот на младите

На 06.10.2025 г во нашето училиште во 7а и 7б одд. се одржа едукативно предавање на тема „Важноста на физичката активност за развојот на младите“, со цел да се поттикне здравиот начин на живот и свеста за значењето на редовното движење кај учениците.

Предавањето го одржа проф. д-р Горан Никовски – професор по предметот спорт и спортска рекреација на Факултетот за физичко образование спорт и здравје, кој наинтересен и практичен начин ги запозна учениците со бројните придобивки од физичката активност – како што се правилниот физички развој, подобрената концентрација, намалувањето на стресот и развивањето на позитивни навики уште од најрана возраст.

Учениците активно учествуваа во разговорот, поставуваа прашања и споделуваа сопствени искуства, а преку примери и кратки вежби се потсетија колку е важно движењето во секојдневниот живот.

Со ваквите активности училиштето продолжува да ја негува свеста за здравјето и благосостојбата на младите, охрабрувајќи ги да изберат активен и здрав начин на живот.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе