ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

seminar 09 12 2022

Учество на e-Twinning во Љубљана, Словенија

E-Tвининг семинарот под име „Schools of equality и inclusion” кој се одржа во Љубљана од 1ви до 3ти Декември собра на едно место 50 наставници од 8 земји: Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија, Чешка, Словачка, Хрватска, Полска и Словенија.

Целта на настанот беше охрабрување на наставниците од основните училишта да започнат заеднички да работат на е-Твининг проекти со осврт на инклузијата на учениците.

Претставник од нашето училиште беше наставничката по англиски јазик, Татјана Бошковиќ. Таа оствари соработка со училишта од Словенија, Полска и Словачка за работа на заеднички проект кој ќе започне во Јануари.

No Images.
Please upload images in images manager section. Click on Manage Images button on the right side of the gallery settings.

 

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе