ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Слушам разбирам и почитувам 27 11 2025

Слушам, разбирам и почитувам

Во I-а одделение беше одржана работилница со наслов: Слушам, разбирам и почитувам во која сите ученици зедоа активно учество. Преку игри, цртање и кратка приказна учениците имаа можност да направат разлика помеѓу вистинско слушање и слушање кое покажува непочитување.
Фокусот беше на: активно слушање, разбирање на другиот, почитување во комуникација.
Цели на работилницата беа учениците да:
разликуваат слушање од „се правам дека слушам”, разберат дека кога слушаме му покажуваме на другиот дека ни е важен, вежбаат едноставно активно слушање (гледам во лице, не прекинувам, чекам ред) и да сочинат едно класно правило/договор поврзано со слушање и почитување.
Работилницата ја реализираше училиштниот психолог Наталија Наумовска во присуство на одделенската наставничка Александра Неделковска Петровска.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе