ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

cvetchinja 06 11 2023 front

Шарени цветчиња за денот на општината

По повод  роденденот на Општина Карпош, денешното есенско сонце ги огреа малите шарени цветчиња кои продефилираа низ Општината. Разиграните цветчиња и широките весели насмевки, беа дел од денешната традиционална манифестација ,,Цветно дефиле’’, која се одржа во дворот на ООУ „Лазо Трповски“.
Со богата музичка програма, детската манифестација, го одбележа  47-от роденден на локалната самоуправа. Во присуство на градоначалникот Стевчо Јакимовски и делегации од збратимените општини, започна роденденската забава со звуците на детската музика. Првиот човек на Општината, Јакимовски со задоволство ги поздрави шарените цветчиња и им пренесе убави пораки.
Ова есенско сонце секоја година грее и ни го разубавува овој празничен ден, бидејќи вие сте дел од секој роденден. Вие сте иднината на оваа Општина, потенцијалот лежи во вас. Ви посакувам безгрижно да растете, вредно да учите, и да се градите како примерни граѓани на оваа локална заедница и на државата – истакна Јакимовски.
Учениците од основните училишта и од градинките дојдоа да ја честитаат годишнината на Општина Карпош. Тие маршираа по улиците на Карпош, со заеднички пораки за мир, соживот и свест за екологијата. Среќен роденден Општина Карпош.

Фотографиите можете да ги погледнете на следниот линк:

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе