Првиот училишен ден – пречек на првачињата
Денеска училиштето повторно оживеа со смеа и радост. Со свечена програма и топли зборови им посакавме добредојде на нашите најмали – првачињата, кои за првпат зачекорија на прагот на училницата. Учениците од повисоките одделенија им подарија песни и топло добредојде, а наставниците и родителите гордо ги бодреа. Најважно – на лицата на првачињата блескаа насмевки и возбуда за новото поглавје што ги очекува. Им посакуваме успешна и радосна учебна година на сите ученици!







Поврзани содржини