Пролетта пристигна во нашето училиште!
Со мали рачиња, голема желба и многу насмевки, учениците од 3-В одделение го разубавија училишниот двор садејќи шарени цвеќиња. Секое засадено цветче е симбол на нивната љубов кон природата и радоста што ја носи пролетта.
Дворот сега е повесел, поубав и исполнет со детска енергија!
Погледнете како изгледаше оваа прекрасна пролетна авантура низ фотографиите.
Добредојде, пролет!







Поврзани содржини