Позитивни емоции и другарство – 3б одд.
Учениците од 3б одделение имаа работилница на тема: „Позитивни емоции и другарство“ во која се запознаа со значењето на поимот емоција, што е разликата помеѓу емоција и чувство, што значи вистинско пријателство и преку пример ситуации детектираа што е добро, а што лошо пријателство. Научија и како да се справат со негативните емоции, како да ги победат и што да применуваат. На крајот работејќи во групи изработија постери за другарство со огромно значење за нив. Работилницата ја реализираше училишниот психолог Наталија Наумовска.







Поврзани содржини