Посета во ИЗИИС
Денес, четврток 30.03.2023, учениците од ООУ „Лазо Трповски“, Скопје, во организација на проф. д-р Милица Патраклиева и образовниот асистент Александар Смилановски реализираа посета во ИЗИИС и одделот за геотехника и специјални конструкции каде учениците имаа можност да се запознаат со тековните активности, истражувачки проекти како и расположливите лаборатории за динамички испитувања.
Што се земјотресите, колку сме изложени на нив, кој е ризикот од земјотреси со кој живееме, колку нашите згради се безбедни, концепти на земјотресно инженерство и што треба да направиме во случај на земјотрес… се само неколкуте теми на кои денес се разговараше со учениците. Голема благодарност до Проф.д-р Марија Витанова, Вонр. Проф. д-р Јулијана Бојаџиева и Вонр. Проф. д-р Марта Стојмановска за нивните прекрасни излагања и меѓусебната соработка.
Учениците ќе имаат можност да учествуваат во понатамошните активности на ИЗИИС во знак на обележувањето 60 години од Скопскиот земјотрес, во подигнување на јавната свест!
No Images.
Please upload images in images manager section. Click on Manage Images button on the right side of the gallery settings.







Поврзани содржини