ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

muzej 21 10 2024

Посета на Природонаучен музеј на Македонија 2024

Учениците од петто одделение при ООУ „Лазо Трповски“ Скопје, во организација на професорката по географија и училишен ментор д-р Милица Патраклиева како и образовниот асистент Виктор Јаневски, реализираа посета на Природонаучниот музеј на Македонија каде учениците имаа можност да се запознаат со тековните активности, научно истражувачки проекти, изложбена дејност, како и на заштита на природните богатства на Македонија.
Природонаучниот музеј на Македонија има основна улога на колекционирање, депонирање, заштита и презентирање на природното богатство на Македонија. Оваа активност е дел од програмата за воннаставни активности по предметот Географија и Природни науки.
Учениците ги разгледаа геолошко-палеонтолошката изложба, ботаничката, ентомолошката, изложбата на без’рбетниците, на рибите, водоземците, влекачите, птиците и на цицачите. Учениците во Природонаучниот музеј беа повеќе запознаени со животинскиот свет и ендемичните видови кои постојат во нашата земја, а се изложени во најстариот музеј на Македонија кој е отворен во далечната 1963 год.
Учениците ги видоа и големиот број на минерали и карпи, ја проследија и презентацијата на карпите врз основа на нивниот начин на постанок и видови карпи магматски, седиментни и метаморфни од страна на кустосот м-р Билјана Карамачоска. Околу 110 примероци од минерали се изложени во постојаната музејска поставка.
Учениците беа љубопитни и поставуваа интересни прашања на кустосот. Посетата беше од големо значење за учениците при што стекнаа и ги проширија своите знаења за природното богатство на нашата земја.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе