ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

muzej 17 11 2022

Посета на Природнонаучен музеј

На ден 16.11.2022 година, учениците, второоделенци, од нашето училиште беа во посета на Природнонаучниот музеј во Скопје.
Учениците, заедно со своите одделенски раководители Грозданка, Елеонора, Јагода и Маја, се дел од проектот„Живиот свет во нашата татковина“, кој има за цел запознавање на флората и фауната во нашата татковина како и подигање на свеста за нејзина заштита.
Учениците имаа можност да ја погледнат постојаната музејска поставка која го прикажуваа богаството и разнообразието на геата, фосилните видови и живиот свет што ја населува нашата држава. Најголемо воодушевување на изложбата, покрај експонатите на влечуги, привлекоа и експонатите на крупните ѕверови (мечката, рисот, лисицата со своите младенчиња, видрата, волкот, рисот и др.), лилјаците, верверицата, глодарите, јазовецот и др. видови животни, придружени со цртежи, текстови кои го потврдуваат богаството и разновидноста на нашата држава.
Учениците со восхит ги прераскажува своите впечатоци на пат кон училишните клупи. Со нетрпение ќе се очекува и следната пролетна посета на музејот.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе