ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Посета на Планетариум МКЦ Скопје 22 02 2025

Посета на Планетариум – МКЦ Скопје

На ден 21.2.2025 учениците од петтите одделенија при  ООУ ,,Лазо Трповски”, Скопје,  во организација на професорката по географија и природни науки, училишен ментор  д-р Милица Патраклиева заедно со одделенските раководители Александра Петровска, Елисавета Лафчиска, Дијана Петреска и образовните асистенти, реализираа  посета на Планетариум кој е во склоп на Македонски културен центар, место каде може да се види чисто ноќно небо и да се научи повеќе за ѕвездите, планетите и вселената.

Целта на посетата беше учениците да стекнат поголеми знаења за Сончевиот систем, преку предавање од страна на стручното лице Радан Митровиќ. Учениците имаа несекојдневна можност да ја разбудат својата љубопитност и да научат повеќе за ѕвездите, планетите и целата галаксија, но и да видат како изгледа чисто ноќно небо без светлосно загадување.

Учениците покажаа голем интерес и желба за повторна посета и организирана активност од областа на астрономијата. Тука во овој Планетариум најголем акцент е ставен на ѕвездите кои ја поттикнуваат љубопитноста кај младите со цел тие да продолжат да истражуваат откако ќе го напуштат Планетариумот.

Професор по географија:

д-р Милица Патраклиева

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе