ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Посета на МСУ 2024

Посета на МСУ

На 23.04.2024 учениците од 8б одделение заедно со својот класен раководител Татјана Бошковиќ го посетија Музејот на Современата Уметност каде што посетија две изложби: Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024 и Се што ни е заедничко. Преку едукативни и интересни факти кои ги презентираше водичот Бојана Јанева, учениците се запознаа со трајниот споменик на творештвото на над 1900 уметници – донатори од 70 земји од светот, кои по земјотресот од 26 Јули 1963 година со своите донации на уметнички дела и со чинот на солидарноста, го почестија градот Скопје и граѓаните на целата земја. Оваа изложба проследува една хронологија на настаните почнувајќи од 1963 година како нулта точка, преку формирањето на институцијата во 1964 година, изградбата и отворањето на Музејот во 1970 година, па до најактуелните изложби како меѓународната изложба „Сѐ што ни е заедничко“ и самостојните изложби на светски уметници. Изложбата е дел одбележувањето на шесетгодишнината од основањето МСУ – Скопје.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе