ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

poseta 19 02 2024

Посета на Меморијалниот Центар на Холокаустот на Евреите од Македонија

На 15.02.2024 г. дел од учениците од осмо одделение заедно со нивната предметна наставничка по македонски јазик, Даница Ласкова беа во посета на Меморијалниот Центар на Холокаустот на Евреите од Македонија.

Еврејското маало во Скопје, се наоѓало на левата страна на реката Вардар, меѓу Камениот мост и Тврдината Кале. До депортацијата на неговите жители на 11 Март 1943 година, тоа било населба со значајно учество во стопанскиот и просветно – културниот живот на Скопје.

Меморијалниот Центар на Холокаустот на Евреите од Македонија има исклучителна симболика, за жртвите на Холокаустот, врз чии имоти се наоѓа, за нашиот град Скопје и за нашата татковина.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе