ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Посета на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија 30 03 2026

Посета на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија

Во рамките на наставата по македонски јазик, учениците од 8-а и 8-б одделение ја обработуваа лектирата „Дневникот на Ана Франк“, дело кое на емотивен начин ја прикажува судбината на еврејскиот народ за време на Втората светска војна. Поттикнати од содржината и пораките на делото, а со цел да го продлабочат своето знаење, учениците реализираа посета на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Заедно со наставничката по македонски јазик Елена Тодоровска и наставничките по англиски јазик Луција Зубац и Тамара Алаџајкова, тие имаа можност одблиску да се запознаат со историските факти, експонатите и сведоштвата поврзани со холокаустот. За време на посетата, учениците се запознаа со настаните од тој период при што со интерес следеа и поставуваа прашања.

Исклучителното искуство беше спој на учење, размислување и развивање на човечка емпатија, потсетувајќи нè колку е важно да се негуваат толеранцијата, почитта кон различностите и разбирањето на секоја човечка приказна.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе