ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

По стапките на хероите 2024

По стапките на хероите

На 07.04.2024 година нашите ученици од деветто одделение под менторство на наставничките Елена Јовановиќ и Елена Тодоровска го посетија Кавадарци и селото Ваташа и се запознаа со голем број настани од поблиското историско минато. Учениците го посетија Паркот на народните херои Киро Крстев и Димче Мирчев, Музејот на град Кавадарци, Спомен куќата на Страшо Пинџур и Споменикот за дванаесетте ваташки младинци на Моклиште.
Од оваа посета учениците стекнаа нови знаења за херојската антифашистичка борба во Тиквешијата и ја запознаа долгата и богата историја на градот Кавадарци.

 

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе