ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Кузман Јосифовски Питу 02 2024

Осумдесет години од смртта на Кузман Јосифовски Питу

Оваа година на 25 Февруари се навршија 80 години од смртта на Кузман Јосифовски – Питу, македонски револуционер кој е најзаслужен за организирањето на НОБ и антифашистичкото движење во Македонија. Кузман Јосифовски – Питу е главниот иницијатор и организатор на свикувањето на Првото заседание на АСНОМ и автор на неговите државотворни документи.

Учениците од деветто одделение од нашето училиште активно се вклучија во активностите за одбележувањето на овој јубилеј. Тие под менторство на наставничките Елена Јовановиќ и Елена Тодоровска, учествуваа со рецитал на настанот кај споменикот на Кузман Јосифовски – Питу, а присуствуваа и на свечената академија одржана по повод овој настан.

 

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе