ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

prolet 21 03 2022

Одбележување на 21 Март – ден на пролетта и екологијата

По повод 21 Март – Денот на екологијата и пролетта, во нашето училиште „Лазо Трповски“, освен во предавањата со еколошки теми соодветно прилагодени на возраста на учениците, сите ученици беа активно вклучени во еколошката акција за естетско уредување на училишните дворови.

Притоа, сите ученици од 1б одделение инспирирани од мотото „СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ПРИРОДАТА“, го изработија проектот во соработка со нивните одделенски наставнички Надица Чапараткова и Олгица Каскаревска.

Целта за реализација на овој проект е подигање на еко-свеста кај учениците за значењето на природата, чистата животна средина и екологијата.

Им благодариме на нашите ученици кои учествуваа во изработката на овој прекрасен проект.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе