ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

pobeda 10 05 2025

Одбележани 80 години од победата над фашизмот

По повод 9 Мај – денот на победата над фашизмот, во таа чест, пред споменикот на Скопскиот партизански одред, се одржа настан каде што присуствуваа ученици од нашето училиште, од шесто и седмо одделение, заедно со наставничките Елена Јовановиќ, Љупка Чешмеџиевска и Луција Зубац.

Сојузот на борци на Македонија од Општина Карпош организираше богата програма во која зедоа учество голем број ученици од повеќе училишта, хорот „Серенада“ и фолклорниот ансамбл „Етнос“.

Нашето училиште го претставуваа учениците Георгина Стојанова, со рецитирање на   песната „Орлите на Македонија“ од Венко Марковски, и Павел Стефановски, со рецитирање на песната „Мајка“ од Лазо Каровски.

На крајот од програмата беа доделени благодарници и пофалници за најдобрите творби на учениците што учествуваа на литературно–ликовниот конкурс кој го организираше СБМ – Карпош, на тема „Мојот патрон – име за љубов и почит“.

Меѓу пофалените ученици беше и ученичката Софија Јовановска од 6а одделение, со песната „Со почит за Лазо Трповски“, под менторство на предметната наставничка по Македонски јазик, Љупка Чешмеџиевска.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе