ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Максим Станоев и Васил Витанов од 8А одд 24 11 2025

Ноември месец на науката 2025 – 8А одд

Учениците Максим Станоев и Васил Витанов од 8А одд, под менторство на наставникот по хемија м-р Даниел Николовски зедоа учество на манифестацијата Ноември месец на науката 2025 која се одржа на Инстиутот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Тие демонстрираа електролиза на раствор од натриум сулфат. Во нивната демонстрација гасовите кои се добија, водород и кислород, ги собираа во мал резервоар ракетчето Лазо. Кога ќе го поставиме на запалка, водородот реагира со кислородот и се создава експлозивна реакција.
Со овој едноставен експеримент покажаа дека науката не е само теорија – таа може да лета, да создава и да инспирира. Водородот е гориво на иднината, а нашата ракетка е симбол на младата научна мисла на учениците од ООУ ,,Лазо Трповски“.
Им го честитаме овој успех и им посакуваме уште поголеми успеси во иднина.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе