ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Настан за цивилна заштита

Настан за цивилна заштита помеѓу граѓаните и институциите

На 30.09.2022, на А1 Арената во организација на Дирекцијата за заштита и спасување се одржа настан за цивилна заштита помеѓу граѓаните и институциите. На настанот присуствуваа ученици од 9то одделение заедно со наставникот по хемија, Даниел Николовски. Учениците имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Дирекцијата за заштита и спасување и заштитната опрема со која располагаат. Исто така, имаа можност да присуствуваат на практични вежби во случај на пожат и други видови на опасност. Покрај ова, заедно со Црвен Крст имаа практична вежба за тоа како да применат прва помош во несреќен случај.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе