ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

nirvana 20 03 2022 f

Нашиот училишен Рок бенд со нов кавер

Во комплетна аудио и видео продукција на нашето музичко студио под водство на наставникот по музичко Кузман Марковски се реализираше новиот кавер Smells Like Teen Spirit by Nirvana. Спотот е вистинска синергија на училишна рок хармонија со учество на различни генерации ученици и наставници креативци. Еве го тимот:
Бубњеви: Борјан Јаневски 2 одд, Соло гитара: Марко Дамјанов 9 одд, Бас гитара: Сара Витанова 8 одд., Гитара: Кузман Марковски – наставник музичко
Вокал: Александра Русјакова Георгиев – одделенски наставник
Камера: Благоја Ставревски – наставник физичко
Креатива: педагог Рената Поповска
Монтажа и комплетна продукција: Кузман Марковски
Музичкото студио во Лазо Трповски е првото училишно професионално студио во Општина Карпош. Во него членуваат преку 50 ученици од нашето училиште кои изучуваат свирење на различни инструменти, соло пеење и продукција. Интересот е огромен, бенифитот совршен затоа што едноставно МУЗИКАТА Е МАГИЈА И САМО МУЗИКАТА И ТРАЈНИТЕ МУЗИЧКИ ВРЕДНОСТИ СОЗДАВААТ ВИСТИНСКИ ЛИЧНОСТИ!!!

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе