ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

narakvici prijatelstvo 19 04 2025

Нараквици на пријателството

Во рамки на одбележувањето на Месецот на подигнување на свеста за аутизмот, ООУ „Лазо Трповски “ заедно со образовните асистенти организиравме креативна и емотивна работилница под наслов „Нараквици на пријателството“. Целта на оваа активност беше да се поттикне емпатија, прифаќање и пријателство меѓу децата, притоа запознавајќи ги со поимот аутизам на еден близок и разбирлив начин.

Работилницата беше исполнета со позитивна енергија, насмевки и топли зборови. Децата не само што научија нешто ново, туку и почувствуваа колку е важно да прифаќаме и сакаме луѓето онакви какви што се.

Со оваа активност испративме силна порака: Пријателството нема граници, а различноста нè зближува.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе