ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

nagradeni eko uchilnici 23 05 2021 2

Наградени еко – училници

Ви пренесуваме цитат од Градоначалникот Стефан Богоев:

Општина Карпош за прв пат распиша ваков јавен повик. Идејата потекнува од програмата на градоначалникот, сите дворови на училиштата да прераснат во спортско – рекреативни центри, места за дружба и маалски соживот, но и од она што веќе го направи ООУ „Лазо Трповски“.
Имено, токму ова училиште, уште пред две години, по идеја на педагогот Рената Поповска ја направи првата еко – училница. Таму училиштето одбележа дел од својот патронат, а учениците прославија и полуматура.
Иако денеска „Лазо Трповски“ го освојува третото место, тие поставија стандард и поттикнаа креативност која вреди многу повеќе од награда. Во оваа прилика им благодариме, рече Богоев.

Наградени еко – училници во Карпош: спој на корисно и урбано:
 

 

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе