ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Кога би бил била 2024

Кога би бил/била

ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА – Кога би бил/била
Мојата идна професија
Учениците од 1в одделение во организација на нивните одделенски наставнички Надица Чапараткова и Мартина Трајковска, во соработка со родителите на одделението реализираа едукативна работилница под мотото: „Кога би бил/била“.
По тој повод беше повикана медицинската сестра Жанета Котевска од одделот на Кардиологија за срцеви заболувања, со која учениците следеа едукативно предавање во согласност со нивната возраст. На предавањето учениците следеа и мала демонстрација преку која се запознаа како е да се биде медицинска сестра, како да се заштитиме од срцевите заболувања, кои инструменти и лекарства ни се потребни за да се заштитиме.
Учениците уживаа и го следеа предавањето со исклучително внимание. При крајот на предавањето учениците беа пријатно изненадени, секој од нив доби поклонче медицинска капа со која се сликаа.

 

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе