Јован Симовски прва награда на Интернационалниот поетски фестивал за деца и млади
Четвртоодделенецот Јован Симовски освои прва награда на Интернационалниот поетски фестивал за деца и млади „Пролет“ 2026
Јован Симовски, ученик во 4а одделение во ООУ „Лазо Трповски“, освои прва награда во својата возрасна категорија на Интернационалниот поетски фестивал за деца и млади „Пролет“ 2026.
Овој меѓународен литературен натпревар за деца и млади (на возраст од 8 до 18 години) традиционално се одржува секоја година во пролет, а пролетта исто така е темата на која творат учениците. Младите поети согласно пропозициите своите стихувани лични творби мораат да ги напишат на македонски јазик и не смеат да имаат повеќе од 28 стиха.
Организаторот на натпреварот Милица Паулус доделува награди во секоја возрасна категорија.








Поврзани содржини