ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

Извештај од ученичка квизотека 2018 (1)

Извештај од ученичка квизотека 2018

Информација

Од Ученичката квизотека 2018  за учениците од ООУ „Лазо Трповски“ Скопје

Традиционално и оваа година, Детскиот културен центар „Карпош“ ја организира и реализира „Ученичката квизотека 2018“ за деца од погорните одделенија (8 и 9).

Oваа година тоа го прави во соработка со Македонско Географското Друштво, а тоа подразбира и воведување на специјална рубрика „Географија на Република Македонија“.

Квиз натпреварот започна во 12.00 часот во просториите на ДКЦ „Карпош“ на 23.11.2017 година. Нашата екипа ја сочинуваат тројца ученици, а тоа се: Климентина Чаповска,   Исидора Тримовска и Георгина Серафимовска. Ментор на екипата е наставникот по географија д-р Милица Патраклиева. Поддршката на учесниците ја даваа и група на ученици од нашето училиште.

Во натпреварот учествуваа ученици од четири основни училишта. Според постигнатите поени нашето училиште е на второ место со можност за понатамошно учество во квиз натпреварот. Учениците покажаа добри резултати и одлично се забавуваа.

Вториот круг на ученичката квизотека ќе продолжи во Февруари.

Професор по географија д-р Милица Патраклиева

Скопје, 24.11.2017 год.

Извештај од ученичка квизотека 2018 (2)

 

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе