Ива Шумковска – првенец на генерација 2017/2021 година во ООУ „Лазо Трповски“
Комисијата за избор на првенец на генерација 2017/2021, изврши увид и бодување на поднесените документи од пријавените ученици за првенец на генерација за оваа учебна година. Според правилникот на ООУ Лазо Трповски, за првенец на генерација е избрана Ива Шумковска, ученичка во 9а одделение, со освоени 176 поени.
Наставничкиот совет едногласно ја потврди одлуката на комисијата.
Ива Шумковска е одговорна, амбициозна, исполнителна и креативна. Навремено одовараше на училишните обврски и воннаставни активности. Под менторство на многу наставници се појави на многу регионални, државни и меѓунродни натпревари, на кои освојувала многу награди кои придонесуваа за афирмација на училиштето. Ученичка која секогаш и секаде го претставуваше училиштето во најдобро светло.
Активно учествуваше во ЕКО активности, хуманитарни акции и проекти за јакнење на меѓуетничките односи. Пофалувана од Одделенски совети за континуираниот одличен успех и примерно поведение. Ива има целосно изградено културно и почитувачки однос кон наставникот и кон соученикот. Знае да се избори за своите права, но и целосно да одговари на своите обврски.
Таа е гордост на нашето училиште и веруваме дека со својот потенцијал и знаење ќе продолжи да чекори по патот на образованието.
Ива, Наставничкиот совет ти честита и ти посакува многу успеси во натамошното образование! Хуманоста и љубовта, како до сега и понатаму нека бидат твој сојузник.
Искрени честитки до сите полуматуранти!







Поврзани содржини