ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

idni prvachinja 06 04 2023

Идните првачиња од градинката Орце Николов на гости во нашето училиште

Идните првачиња од градинката Орце Николов денеска беа во посета на нашето училиште. Нивните другарчиња од 1а и 1б одделение срдечно ги пречекаа со прекрасно подготвена претстава организирана во училишната Фонтана. Одделенските наставници Надица Чапараткова, Јана Филипова Стојановска, Ирена Грегориќ и Елена Масторидис заедно со првачињата им приредија топло добредојде. Тие ги изненадија со пригодни песнички, рецитали и подароци – украсни моливчиња за секое идно прваче како симбол за новите чекори во образованието!
Тимот од градинката заедно со идните првачиња на нашите ученици пак им подарија преубави цртежи!
Педагогот и директорот на училиштето ги поздравија децата гостинчиња и ги потсетија дека од 2-ри Мај започнува уписот на првачиња за учебната 2023/24 година!
Традицијата продолжува!!!

No Images.
Please upload images in images manager section. Click on Manage Images button on the right side of the gallery settings.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе