ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

vezba 19 10 2023 f

Хуманитарен одговор 2023

Со посебна чест и задоволство,дел од учениците од ООУ”Лазо Трповски” членови на Црвениот крст заедно со наставничката по Биологија Даниела Радевска одговорна за црвениот крст во истото училиште присуствуваа на симулациска вежба „Хуманитарен одговор 2023“. Настанот се организираше под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски на 18 Октомври 2023 (среда) со почеток во 11:00 часот, во Градски парк, Скопјe.
Симулациската вежба по прва помош во итна ситуација–земјотрес, се организираше како резултат на одбележување на 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, како и зачестените катастрофи во земјата и регионот. Вежбата е во функција на промовирање на идните заложби на Црвениот крст на РСМ со акцент на првата помош, промовирањето на ситемот на психолошката прва помош, значењето на волонтерскиот потенцијал на општеството во функција на поуспешување на системот за кризен менаџмент, како и соработката на граѓанскиот сектор во случај на поголеми нарушувања настанати од природни катастрофи и катастрофи придизвикани од човекот. Учесници на вежбата „ХУМАНИТАРЕН ОДГОВОР 2023“, беа:
– Црвениот Крст на РСМ, Црвениот крст на град Скопје и Општински организации на Црвениот крст, Центарот за управување со кризи на РСМ,Министерствато за внатрешни работи на РСМ, Министерството за здравство на РСМ,Министерството за одбрана на РСМ, Министерството за надворешни работи на РСМ, Министерство за труд и социјална политика на РСМ, Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, Армијата на РСМ, Противпожарната територијална единица, Агенција за храна и ветерина, ГОБ „8ми Септември“, Итна медицинска помош – тријажен центар и укажување на прва помош, Клиничка болница „Аџибадем Систина“, ПЗУ „Неуромедика“, Клиника „Жан Митрев“, ПЗУ Никоб Лаб и Никоб Медикал, Македонска радио телевизија – медиумско информирање за кризната состојба, Комора на психолози, Тимови на Национални друштва од регионот (Хрватска, Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора и Германија), Претставници од универзитетите во РСМ (УКИМ, УГД, УКЛО), Независни експерти од областа, различни тела од Системот за управување со кризи, на локално и регионално рамниште и други субјекти.

No Images.
Please upload images in images manager section. Click on Manage Images button on the right side of the gallery settings.
Please make sure that you didn't enabled option: Images of the Current Gallery. Option should have Show value to show images.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе