Донација од Лајонс клуб ,,Светлина,, за нашата еко училница
Шарени еко пораки изработени на дрвени таблички, донација од хуманитарниот женски лајонс клуб ,,Светлина,, од денеска ќе ја разубавуваат нашата еко училница ,,Клуб фонтана,,.
Целта на донацијата од ова здружение кое веќе дваесет години ја помага заедницата во различни животни сегменти е да се подигне свеста кај учениците за почиста и поздрава околина! Тие донираа вакви таблички во пет училишта во Општина Карпош. Ви благодариме ,,Светлина,, за преубавиот подарок!







Поврзани содржини