ООУ Лазо Трповски

ОПШТИНА КАРПОШ

21 Март – Денот на лицата со Даунов синдром Денот на пролетта и Денот на водата 21 03 2026

21 Март – Денот на лицата со Даунов синдром, Денот на пролетта и Денот на водата

На ден 18.03.2026 година се реализираше работилница по повод 21 Март – Денот на лицата со Даунов синдром, Денот на пролетта и Денот на водата. Активностите беа обединети во една заедничка работилница со цел поттикнување на инклузија, креативност, соработка и развивање на еколошка свест кај учениците.

Во работилницата учествуваа ученици од 1 до 6 одделение, заедно со образовни асистенти од ОУРЦ „Златан Сремац“ и дефектологот на училиштето. Преку различни креативни и едукативни активности, учениците имаа можност да ги изразат своите способности, да учат преку игра и да се запознаат со значењето на овие значајни датуми.

Покрај наведените цели, успешно се поттикна и социјализацијата меѓу учениците, при што се забележа зголемена меѓусебна соработка, прифаќање и комуникација. Учениците покажаа голем интерес и активно учествуваа во сите активности, при што беше очигледно дека уживаат додека работат во заедничка и позитивна атмосфера.

Политиката на приватност

Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе